Најмалку седум лица загинаа откако вчера навечер авион на компанијата UPS се урна при полетување од меѓународниот аеродром „Мухамед Али“ во Луивил, Кентаки.
Веста ја објави ABC News повикувајќи се на локалните власти.
NOW – UPS cargo plane crashes in Louisville, Kentucky.pic.twitter.com/PN6hXLQ6U3
— Disclose.tv (@disclosetv) November 4, 2025
По падот на леталото се крена голем облак од чад во воздухот, поради што властите ги повикаа жителите од голем дел од околната област да се повлечат на безбедно.
„Најмалку 11 лица се повредени, некои со многу сериозни повреди“, изјави гувернерот на Кентаки, Енди Бешир.
Тој додаде дека верува оти бројот на жртви ќе се зголеми по оваа „катастрофална несреќа“.
Снимка го прикажува моментот кога авион, натоварен со илјадници галони гориво за долг лет до Хаваи, се урна и се претвори во голема огнена топка.
„Во моментов не знаеме што се случило со екипажот. Гледајќи ја снимката, мислам дека сите сме многу, многу загрижени за нив“, изјави Бешир на брифинг за новинарите.
#BREAKING: Watch brand new and heart-stopping moment captured on CTV footage as a UPS cargo MD-11 Jet crashes into multiple buildings and bursts into flames shortly after attempting takeoff near Louisville’s Muhammad Ali International Airport. pic.twitter.com/8iEBP2rgCR
— R A W S A L E R T S (@rawsalerts) November 5, 2025
Тој наведе дека при падот на авионот, компанијата „Kentucky Petroleum Recycling“, чиј магацин се наоѓаше на работ на аеродромот, изгледа дека била „директно погодена“, додека друга компанија „Grade A Auto Parts“ исто така била погодена, а двајца вработени од таму се водат како исчезнати.
Десет жртви се пренесени во болница, од кои две се во критична состојба во центарот за изгореници.
Државните училишта во округот Џеферсон денес ќе бидат затворени поради наредбата жителите да останат во засолништа, која е издадена за пошироката област на Луивил.