ВИДЕО: Семејството во шок, пронашле змии во климата

Застрашувачко видео снимило едно семејство во Квинсленд кога виделе две змии како се парат во климата.

Тие го повикале ловецот на змии Мекензи да ги извади змиите од климата и да ги врати во природата, но секако тоа не беше толку едноставно.

На објавената снимка се гледа како ловецот на змии користи алатки и батериска ламба како внимателно се обидува да ги извлече змиите од климата. Тој тврди дека ова не му е прва интервенција во таа куќа.

„Веќе бевме во куќата на ова семејство поради змии, овој пат две змии се пареа во клима уредот“ – изјави Мекензи.

Едната змија успеал да ја извлече од климата, а другата се вратила во ѕидовите од куќата. Семејството ќе мора да ја затвори дупката низ која влегле змиите во клима уредот, за да не се повтори сценариото.

Мекензи истакна дека змиите можат да навлезат во климата, но најголемиот проблем е како да се извадат кога ќе влезат. Овој вид змии не се смета за опасен за луѓето, но секако не е пријатно да се видат змии како лазат околу климата, пишува Дејли Меил.