Снимка од свадба која се појави на TikTok налути многу корисници на споменатата социјална мрежа, а за се е виновен кумот.
Имено, еден свадбен кум, веројатно понесен од атмосферата, решил моментот на сечењето на празничната торта да го одбележи не со духовит говор или песна, туку со „удар со нога“!
Во видео кое стана вирално на социјалните мрежи, е снимен моментот кога младенците ја сечеле тортата, а потоа кумот (кој наводно е добар пријател со младоженецот) ја кренал ногата и со сета своја сила ја удри тортата која заврши на подот.
@vi_kritiksKume vadi ga
Невестата и нејзината кума беа видно запрепастени, додека кумот само ги крена рацете во воздух, очигледно горд на својот потег.
Ваков кум не би сакале ниту во лудило
Ваквото однесување предизвика поплава од коментари на мрежите, а многу корисници не беа љубезни кон кумот и неговото однесување.
„А сега е фаца?“, „Страшно“, „Малку му беше преку глава“, „Немам зборови …, „Ова е најголемиот сељак што прошетал по Балканот“, беа само дел од коментарите.
И што мислите за ова? Дали го одобрувате ова однесување?