ВИДЕО Силен земјотрес ја погоди Турција – се тресеа повеќе градови, меѓу кои и Истанбул: Има загинати и повредени!

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди вечерва Турција.

На социјалната мрежа Твитер беше објавена фотографија на која се гледа како луѓето излегле на улиците од страв.

Луѓето велат дека земјотресот бил многу силен.

„Беше многу силен, ударот навистина се почувствува“, се само дел од коментарите на платформата на EMSC.

Според официјалните податоци, едно лице загинало, додека најмалку 29 лица се повредени, претежно полесно. Локалните власти наведуваат дека повеќе од 15 згради се уништени или тешко оштетени во земјотресот, главно во Синдирги и околните области.

По ова следеа неколку последователни потреси со јачина од 3,8 и 3,4 степени според Рихтеровата скала.