Утрово, околу 10:30 часот по локално време, во Киев одекнаа неколку жестоки експлозии. Неколку домашни и странски новинари, меѓу кои и Ројтерс, известуваа за експлозиите во главниот град на Украина.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледаат сирени и експлозии додека децата од училиште трчаат кон прифатилиштето.
Children are running to a bomb shelter during explosions. Kyiv. March 25. pic.twitter.com/LRvP7Bpx4r
— Anton Ptushkin (@ptuxerman) March 25, 2024
Експлозиите се случиле во моментот кога се слушнале сирени кои предупредуваат за опасност од воздух, а по нив колона чад била забележана на источниот брег на реката Днепар во Киев. Недолго потоа, воената администрација на Киев објави дека остатоци од руска ракета паднале врз областа Печерск во градот, оштетувајќи една станбена зграда.