Свет

ВИДЕО: Силни турбуленции ги „залепија“ патниците и екипажот на авион за таван!

ВИДЕО: Силни турбуленции ги „залепија“ патниците и екипажот на авион за таван!

Видеото поставено на социјалните мрежи го покажува моментот кога авион на „Ер Чајна “ наишол на силни турбуленции за време на лет, пишува „Њујорк пост“.

Најмалку еден патник и член на екипажот се повредени и се хоспитализирани.

На снимката се гледа како екипажот се „лепи“ за таванот за време на летот.

Авионот патувал од Шангај за Пекинг во понеделникот, а се работи за Ербас А330-300 и имало 153 патници и 12 членови на екипажот.

Во моментот на инцидентот, авионот бил на околу 10.000 метри над земјата.

„Видов жена на 40-годишна возраст и стјуардесата кои беа фрлени кон таванот. Пукна таванот, а знакот за излез падна на подот пред моите нозе. Имам исчашувања и површни повреди, изјави патникот Ксинг, кој е вонреден професор на кинескиот универзитет за геонауки.

Турбуленцијата на чистиот воздух – позната меѓу авијатичарите како CAT – е ненадејна и насилна. Се јавува во региони без облаци на големи надморски височини и предизвикува силно тресење на авионите.

 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни