Силно невреме проследено со град со големина на јајце предизвика хаос на неколку места низ Бугарија.
Според информациите, во селото Теново има најголема штета, каде градот искршил прозорци, оштетил автомобили како и покриви од куќи, а посевите беа речиси уништени.
„Сè започна со дожд, кој постепено премина во град. Ситуацијата беше ужасна. Најголема штета беше во јужните и централните делови на селото. Уништени се повеќе од 1.500 хектари посеви. Имаше и загинат добиток“, рече Нели Ројдева, секретарка на селското здружение.
„Ужасно е, сè изгледа како по бомбардирање. Повеќето луѓе немаат осигурување за своето земјоделско земјиште“, додаде Ројдева.
Нели вели дека предупредувањето за лоши временски услови дошло 35 до 40 минути по бурата.
BG-ALERT предупреди за торнадо в Ямболско след като градушката премина https://t.co/R1A4rWf6Ka
— Dunavmost (@dunavmost) May 24, 2025
Силниот град создаде хаос и во Нова Загора. Уништени се повеќе од 25.000 хектари земјоделско земјиште.
Градоначалничката Гајла Захаријева изјави дека веднаш биле испратени предупредувачки пораки.
„Штом побараа дозволи за лансирање противградни ракети, го објавивме тоа на социјалните мрежи и ги предупредивме сите преку веб-страницата на општината. За жал, не можевме точно да прецизираме каде ќе падне градот и со каква големина ќе биде“, рече таа.
