Хавајските сини Јава банани се познати по својата необична боја, но и по кремаста текстура и неверојатен вкус.
Хавајските сини Јава банани се егзотично овошје кое главно се одгледува во тропските области, најмногу на Хаваите. Тие постојат и во други делови на светот со слични климатски услови.
Познати се и како „банани со вкус на сладолед“, бидејќи навистина имаат вкус на сладолед од ванила.
Иако тие се релативно ретки во споредба со најпознатите обични жолти сорти банани, овие банани стануваат сè попопуларни благодарение на нивниот посебен вкус и изглед.
Поради нивните карактеристики, сините Јава банани често се користат за подготовка на разни деликатеси, од сладолед, мусли, до смути. Нивниот уникатен вкус ги прави совршен додаток на разни десерти, а многу љубители на егзотичното овошје ги сметаат за вистински деликатес.
Исто така, овие банани содржат значителна количина на хранливи материи, како што се влакна, витамини Б6 и Ц, како и минерали како што е калиумот.
Да потсетиме, претходно пишувавме за други необични видови на егзотично овошје.