Македонија

ВИДЕО: Скопје на шкрги, 18 пати над дозволената граница беше загаден воздухот синоќа!

ВИДЕО: Скопје на шкрги, 18 пати над дозволената граница беше загаден воздухот синоќа!

Границата е 50 микрограми на метар кубен, а синоќа мерните станици покажуваа и до 18 пати загаден воздух над таа граница.

Со зимата се врати и проблемот со загаден воздух во главниот град Скопје, но и цела Македонија. Мерните станици за квалитет на воздухот покажуваат ектремно загадување.

Од Министерството е доставена информација за загадување на воздухот до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до сите општини за епизодата на алармантно загадување на воздухот.

Поради надминување на нивото на загадување, односно на присуство на ПМ 10 честичките во воздухот, денеска стапуваат во сила мерките и препораките за заштита од загадувањето во Скопје, Кичево, Кавадарци и Струмица, затоа што во текот на два последувателни дена е надминато дозволеното ниво.

Во топ-10 листата нема ниту еден друг град од Балканот, а пред Скопје се Дубаи, Лахоре во Пакистан, Делхи во Индија.

Скопје вчера беше на третото место на листата најзагадени градови.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни