ВИДЕО Снежно невреме го парализираше Истанбул: Колапс во сообраќајот, прекината наставата во училиштата

Снег зафати некои делови од Истанбул, поради наноси на улиците, сообраќајот е во застој, наставата во повеќето училишта е прекината, а градот го активираше „планот за одговор при катастрофи“ кој предвидува сите служби да работат 24 часа.

Под влијание на студен циклон од Сибир, интензитетот на врнежите ќе се зголеми во вечерните часови, а снег ќе продолжи да паѓа во Истанбул во наредните три дена, соопшти Турскиот метеоролошки завод.

Според турските медиуми, иако службите за чистење снег работат со полна брзина, само главните патишта се расчистени, а сообраќајот дополнително го отежнуваат автомобилите заглавени во снегот.

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, апелираше до граѓаните да не ги напуштаат своите домови освен ако тоа е апсолутно неопходно.

Градот ќе се грижи и за бездомниците и ќе ги отстрани од улиците, рече Имамоглу и додаде дека е зголемен бројот на интервентни екипи кои ќе бидат на услуга на граѓаните доколку имаат проблеми со снабдувањето со вода, струја, или парно.

-Засилени се екипите на нашите здравствени служби, особено итната медицинска помош – истакна градоначалникот на Истанбул и додаде дека апелираат до граѓаните да не ги користат своите автомобили, бидејќи тоа дополнително го успорува сообраќајот, а доколку се принудени да одат некаде со своето возило, задолжително да стават зимски гуми и синџири.

Градските власти предупредија дека особено внимателни треба да бидат лицата со инвалидитет, трудниците и старите лица и да избегнуваат излегување надвор, како и сите што можат тоа да го прават од дома.

Градоначалникот на Истанбул додаде дека не ги заборавиле градските бездомници на кои надлежните служби ќе им даваат храна, вода и засолниште.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното