Хеликоптер се урна во реката Хадсон во Њујорк денеска попладне, соопштија пожарникарите, додавајќи дека најмалку едно лице во авионот загинало. На социјалните мрежи се појави видео од наводниот пад на авионот.
На видеото се гледа како хеликоптерот со силен удар паѓа во реката Хадсон.
На лице место во тек е спасувачка акција, а пожарникарите соопштија дека најмалку едно лице загинало.
Засега не е познато што довело до нејзиниот катастрофален пад во реката Хадсон.
НБЦ Њус јавува дека во хеликоптерот имало четири лица, сите се извлечени од водата. Засега не се знае нивната здравствена состојба.
Се верува дека станува збор за туристички хеликоптер кој бил на обиколка на Менхетен.
Полицијата предупреди на сообраќаен метеж во околината.
Hudson River Helicopter crash @fox5ny @ABC7 @NBCNewYork @CBSNewYork @njdotcom @News12NJ @CNN @cnnbrk
— SangriaUltra (@xpertcommander) April 10, 2025
Credit: Bruce Wall pic.twitter.com/CVy249wApx