ВИДЕО Сообраќајна несреќа во населба Сењак во Штип помеѓу мотор и возило

Во населба Сењак во Штип се случи сообраќајна несреќа помеѓу мотор и возило.

Според првичните информации, нема повредени, а причинета е само материјална штета.

На местото на несреќата веднаш интервенирале полициски службеници кои извршиле увид и ги документирале сите околности околу несреќата.

Од МВР апелираат до возачите да ја прилагодуваат брзината и да бидат внимателни, особено во густо населени места, за да се избегнат слични несреќи и да се заштити безбедноста на сите учесници во сообраќајот.