Македонија

ВИДЕО Спасувачка акција во тек на Мавровско езеро, пристигна и тимот на САЕ „Тигар“

ВИДЕО Спасувачка акција во тек на Мавровско езеро, пристигна и тимот на САЕ „Тигар“

Полицискиот хеликоптер со специјален тим од САЕ „Тигар“ пристигна на брегот на Мавровско Езеро, подготвен за итна интервенција. Спасувачкиот тим веќе поаѓа со чамец кон двете лица кои се потпираат на својот превртен чамец, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Во меѓувреме, Ангелов вели дека загрозените лица успеале да го вратат чамецот во нормална позиција и повторно да влезат во него.

Акцијата е во тек, а службите прават сè за успешно завршување на спасувањето. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни