ВИДЕО: Спектакуларно бегство – панда се обиде да избега од зоолошката градина

Панда по име Менг Лан, се обиде на „спектакуларен“ начин да избега од зоолошката градина во Пекинг.

Пандите воглавно не се многу познати по своите физички способности, бидејќи нивната физичка конституција ги спречува да бидат брзи или да бидат добри планинари.

Менг Лан, сепак, се обиде да ја прескокне оградата, на воодушевување на многу посетители кои ја гледаа и и се восхитуваа.

Меѓутоа, ова необично бегство било спречено поради фактот што чуварите на зоолошката градина ја намамиле Менг Лана да се врати назад во кафезот, со помош на храна.