Огромна експлозија се случи во близина на трговскиот центар за храна „Шенијанг Дадонг“ во Кина, што предизвика паника кај граѓаните, а има многу повредени.
Сведоците опишуваат драматични сцени од местото на настанот, каде повредените лежеле на улица, додека другите панично бегале.
На снимките кои набргу се појавија на социјалните мрежи се гледаат хаотични сцени – повредени граѓани лежат на улиците, додека густ чад се издига над местото на експлозијата.
Луѓето во паника се обидуваат да најдат безбедно место, додека итните служби брзо реагирале.
Интересно е што кинескиот претседател Си Џинпинг го посети овој трговски центар пред само три дена.
,
On January 26, an explosion took place at the Shenyang Dadong Food Mall.
Details regarding the cause of the explosion and the number of casualties remain undisclosed.
Three days prior, Xi… pic.twitter.com/YPOrGM5S5m
— The Global Beacon (@globalbeaconn) January 26, 2025
Се уште не се познати деталите за причината за експлозијата и точниот број на жртви.