Она што Кинг го најде за време на неговата посета во 2023 година, сепак, ги надмина сите очекувања.
Британскиот урбан истражувач, Шон Кинг, познат по документирање на заборавени и напуштени локации, неодамна ја посети поранешната зоолошка градина во тајландската провинција Пукет.
Некогаш бујна оаза на егзотични животни, ова место сега изгледа како сцена од хорор-филм.
Тигри, слонови, мајмуни, мечки и други животни живееле на 4,8 хектари. Сепак, градината се затвори во 2021 година, среде пандемијата, по долгогодишни обвинувања за лоши услови на животните.
Она што Кинг го најде за време на неговата посета во 2023 година, сепак, ги надмина сите очекувања.
Шетајќи по напуштените патеки, Кинг наишол на базен опкружен со трошни згради.
На прв поглед изгледаше пусто. Кога од љубопитност фрлил камен во водата, сцената која го пречека го оставила во шок. Одеднаш се појавија главите на крокодили, скриени во матната вода.
„Нема шанси! Ова треба да биде празно! Еден, два, три. Издржи! Тргни по ѓаволите одовде“, викна Кинг, снимајќи сè на камерата. Крокодилите, од кои најмалку дванаесет, изгледаа гладни и агресивни, реагирајќи на најмало движење.
Иако бил исплашен, Кинг не можел да ја спречи својата љубопитност. Тој продолжил со своето истражување и набрзо наишол на стадо елени кои слободно шетале.
Следеше уште пострашно откритие во еден од напуштените кафези, каде што пронашол тигар.
„Ова е невозможно! Тигарот ме гледа, а има кутија со колбаси“, рекол тој додека нервозно ја снимал сцената.
Иако многу од животните беа преместени на безбедно по затворањето на зоолошката градина, судбината на овие преостанати жители останува нејасна.
Добротворните организации и властите не дадоа официјални изјави за овие откритија, но локалните жители тврдат дека некои сопственици незаконски ги оставиле животните зад себе.
Зоолошката градина во Пукет, сега покриена со џунгла, останува енигма.