Тензиите на протестот против буџетот ескалира вечерва пред бугарското Собрание. Еден од автобусите, полн со полицајци е со дупнати гуми, а пратениците се спречени да излезат од зградата. Демонстрантите продолжуваат со фрлање на бомби и шишиња.
Според извештаите, пред 20:00 часот ситуацијата на булеварот „Александар Дондуков“ се заостри, додека на булеварот „Цар Освободител“ беше по мирно. Демонстрантите блокираа движење на улиците околу „Триаголникот на власта“, а автобусите го попречија нивниот пристап кон зградата.
Протестот започна предвидено во 18:00 часот, но луѓе се собрале и порано за да го следат заседанието на Парламентарната комисија за буџет и финансии. Се забележува засилено полициско присуство, а дел од демонстрантите успеаја да се приближат до централниот и службениот влез на Собранието.
Организатори на протестот се ПП „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“. Луѓето ги истакнуваат своите незадоволства од буџетот, бараат повисоки плати и повеќе средства за здравството, образованието, социјалната политика и земјоделието. Некои медицински работници, наставници и вработени во агенциите за вработување истакнаа дека нивните плати се ниски и дека бараат реално покачување, наместо симболични 5 проценти.
Демонстрантите најавуваат дека, доколку нивните барања не бидат исполнети, ќе преземат ефективни штрајк активности.