ВИДЕО Тешка несреќа во Србија: Четири лица загинаа во судир

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утрово, околу 6:20 часот, на патот меѓу Ириг и Рума во Србија, според првичните информации, загинале четири лица, а три се повредени. До трагедијата дошло кога патничко комбе од засега непознати причини удрило во работна машина – валјак, пишува српски Телеграф.

Сцените од местото на настанот се стравични. Од силниот удар, комбето буквално се подвиткало под валјакот и останало целосно уништено. На терен веднаш биле испратени повеќе екипи на Брза помош, пожарникари и полиција.

Акција за спасување и увид

Пожарникарите вложиле големи напори за да ги извлечат загинатите и повредените од уништеното возило. Според неофицијални информации, три лица биле извадени без знаци на живот. Сите повредени биле итно пренесени во болница.

Полицијата врши увид за да го утврди точниот причинител на тешката несреќа.

Сообраќајот во прекин

Сообраќајот на овој дел од патот е целосно запрен за сите возила. На возачите им се препорачува засега да користат алтернативни правци.