ВИДЕО: Тешка сообраќајка на Јадранската магистрала: Судир на три автомобили, едно лице загина, сообраќајот во прекин

Тешка сообраќајна несреќа утрово се случила во Шпарадиќи во Шибеничко-книнската жупанија во Хрватска.

Три патнички автомобили утринава се судрија на јадранскиот автопат во Шпарадиќи во Шибеничко-книнската жупанија.

Поради несреќата сообраќајот во околината бил во прекин во двата правци. Сите служби за итни случаи се на терен. Три лица се префрлени во болницата во Шибеник. Еден од нив во меѓувреме почина. На повредените се уште им е укажана помош, но не се знае сериозноста на нивните повреди.

Полицијата пријавата ја примила во 7 часот и 12 минути.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното