Ренди Гарднер имал само 17 години кога решил да остане буден 11 дена. Поставил светски рекорд, но сериозно го загрозил своето здравје
Сонот е една од најосновните човечки потреби – без него, телото и умот брзо почнуваат да откажуваат. И додека повеќето луѓе ги чувствуваат последиците по само една непроспиена ноќ, во 1963 година, американскиот тинејџер Ренди Гарднер решил да ги тестира границите на издржливоста и останал буден неверојатни 264 часа, или 11 дена.
Правејќи го тоа, тој поставил светски рекорд кој сè уште важи денес, но претрпел сериозни здравствени последици.
Неговиот подвиг привлече големо внимание од јавноста, но исто така отвори важно прашање: колку далеку сме спремни да одиме заради љубопитност – и по која цена?
Секако, како тинејџер, идејата да останете будни цела ноќ не изгледа многу – сè додека можете да се наспиете доволно следниот ден. Но, Гарднер, со помош на двајца пријатели и локален експерт познат како „Д-р Слип“, успеал да остане буден 264 часа без ниту една дремка.
Денес, експертите препорачуваат помеѓу седум и девет часа спиење секоја ноќ за да се избегне „рана смрт“, но и покрај ова, многу луѓе сè уште поминуваат премногу време во кревет гледајќи TikTok и слично.
Во 1963 година, Гарднер останал буден со помош на ментални тестови, играјќи флипер и наизменично туширајќи се со топла и ладна вода додека гласна музика свирела нон-стоп – не е здраво на долг рок.
По само 72 часа, почнале да се појавуваат сериозни здравствени проблеми, како што се губење на меморијата, халуцинации и параноја.
„Околу четвртиот или петтиот ден, си помислив: „Се шегуваш? Ова е навистина тешко“. Дотогаш, весниците веќе почнаа да известуваат за тоа. Беше предоцна, не можев да се откажам“, изјави тој за YouTube каналот на Гинисовата книга на рекорди.
Тој рече дека бил заглавен во сè и донел одлука да истрае до крајот, сите 11 дена.
По неверојатни 264 часа и 25 минути без сон, Гарденер имал тешкотии со меморијата, говорот (не можел да ги изговори зборовите), халуцинации и координација на движењата.
На крајот, спиел само 14 часа и се разбудил природно – тврдејќи дека не се онесвестил – што може да се смета за вистинско чудо со оглед на сè низ што поминал.
Подоцна отворено зборувал за други проблеми со кои се соочил во текот на животот, вклучувајќи ја и несоницата, за која верува дека била последица на експериментот, пишува Лад Библија.
„Бев ужасен со луѓето. Сè ме вознемируваше. Беше како сè што почнав пред 50 години да ме стигнува“, рече тој.
