Длабока тага го зави грчкиот град Трикала откако 30-годишниот Стефанос Кемос трагично го загуби животот во морето кај плажата Катисма. Несреќата се случила само 20 дена пред неговата свадба, додека престојувал на островот со пријатели за да го прослави претстојниот голем ден.
Грчката телевизија АНТ1 објави потресно видео од последните моменти на Стефанос, на кое се гледа како младиот маж се бори со силните бранови, додека луѓето на брегот го охрабруваат да не се откажува. На плажата, за жал, немало спасувачи.
Очевидци раскажуваат дека еден маж се обидел да му се доближи и да му помогне, но на само еден метар од него бил однесен од огромен бран.
„Во тој момент Стефанос сè уште беше жив и се обидуваше да отплива подалеку. Му викавме да остане смирен,“ изјавил сведок на трагедијата.
Оваа несреќа повторно го отвори прашањето за безбедноста на плажите во Грција и недостигот од спасувачи во критичните летни месеци.
