Најмладиот син на американскиот претседател, Барон Трамп е вистинска енигма за јавноста, бидејќи е речиси невозможно да се дознае нешто за него.
Наследникот на Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија, избегнува да се појавува во јавноста, а неговите фотографии се вистинска реткост.
Меѓутоа, на интернет се појави видео од четиригодишниот Барон со неговите родители, кое открива многу за родителскиот стил на Доналд Трамп. Американскиот претседател потоа откри што никогаш не би му дозволил на својот син.
Во видеото, Трамп, неговата сопруга Меланија Трамп и тогаш четиригодишниот Барон се појавуваат во интервју, каде Трамп му упати сериозно предупредување на својот син, покажувајќи како се изразува неговиот строг родителски стил уште од мали нозе.
Оваа ретка снимка од семејството Трамп беше дел од интервјуто емитувано во старата емисија на Лари Кинг на Си-Ен-Ен.
Тогаш Трамп, познат како водител на емисијата Шегрт, ги искажал своите очекувања за својот син пред да започне предучилишна возраст. Ги сакам сите петки, рекол Трамп во видеото.
„И кога ќе пораснеш, без дрога. Без алкохол. Без цигари. А знаеш што друго? Без тетоважи. Никогаш не сакам да видам тетоважи на тебе“.
Семејството на Трамп и децата од претходните бракови
Покрај Барон, Доналд Трамп има уште четири деца од претходните бракови.
Со неговата покојна сопруга Ивана Трамп, тој го има синот Доналд Џуниор, роден во декември 1977 година, ќерката Иванка, родена во октомври 1981 година и синот Ерик, роден во јануари 1984 година.
Со поранешната сопруга Марла Мејпелс ја има ќерката Тифани, родена во октомври 1993 година.