ВИДЕО Тргувал со кокаин и злато низ цела Европа: Еден од најбараните криминалци снимен на миса!

Холанѓанецот баран од Европол беше осуден на 24 години затвор во јуни минатата година во Ротердам за шверц на седум тони кокаин, вооружен грабеж во Финска и нарачување убиство.

Холандските обвинители објавија во понеделникот, 27 јануари, дека еден од најбараните криминалци во Европа, Јос Лејдекерс, се наоѓа во Сиера Леоне, пишува Ројтерс. Судејќи според снимките кои протекоа во холандските медиуми, Лајдекерс одлично се снајде во оваа африканска земја. На видеата може да се види дека тој за време на мисата седи во близина на претседателското семејство. Властите во таа земја соопштија дека го истражуваат инцидентот.

Холанѓанецот баран од Европол беше осуден на 24 години затвор во јуни минатата година во Ротердам за шверц на седум тони кокаин, вооружен грабеж во Финска и нарачување убиство.

Полицијата се сомнева дека Лајдекерс е поврзан со тортурата и убиството на Наиме Џилал, која исчезна во Амстердам во 2019 година. На снимката која доаѓа од Сиера Леоне, Лејдекерс седи до ќерката на претседателот Агнес, два реда зад претседателот Јулиус Маада Био.

– Подготвени сме да соработуваме со холандските власти, Интерпол и другите меѓународни агенции за спроведување на законот – соопшти Министерството за информации на Сиера Леоне.

Министерството додаде дека претседателот не е запознаен со криминалните активности на озлогласениот Холанѓанец. Холандското обвинителство понуди награда од 200.000 евра за информација што ќе доведе до негово апсење. Тие додадоа дека Лејдекерс престојува во Сиера Леоне најмалку шест месеци.

Холанѓанецот е еден од главните криминалци задолжени за трговијата со кокаин низ целиот континент. Тој е обвинет за перење на десетици милиони евра и стотици килограми злато.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното