ВИДЕО Туристите одбиле да го слушаат гондолиерот и да престанат да се сликаат, па сите завршиле во каналот

Група туристи паднаа во матен, студен канал во Венеција кога гондола се преврте откако тие не ја послушаа наредбата на гондолиерот да престанат да прават селфи и да седнат. Гондолиерот кој го вршел маневарот додека го управувал чамецот под мостот кај плоштадот Свети Марко, исто така завршил во водата пред да тргне да ги спаси патниците.

Како што пишува Гардијан, туристи од Кина се шетале по гондолата и правеле селфи во близина на познати места кога паднале во вода, а сето тоа завршило, секако, со објавувањето на видеото на социјалните мрежи.

Маневарот на гондолиерот под мостот барал чамецот да балансира, но патниците наводно ја игнорирале неговата наредба да седнат и наместо тоа продолжиле да стануваат и да фотографираат, што довело до превртување.

Во објава на страницата Venezia Non è Disneyland (Венеција не е Дизниленд) на Инстаграм, профил што го отворија младите Венецијанци за да ги снимат несреќите на туристите во градот, пишува дека туристите веднаш биле извлечени на безбедно и загреани во блискиот театар Ла Фенис.