Ова е 13 годишниот Адрија. Единственото момче меѓу убиените.
Пред само еден месец ја искомпонирал оваа мелодија и ја нарекол „Емоција“. На натпреварот „Деца композитори“, го освоил првото место со 100 бода. Со Адрија се дружел и синот на Тамара.
„Тоа што се изгуби не може да се врати, прекрасни деца си заминаа. Сите беа за пример“, вели Тамара од Белград за 4NEWS.mk
Најтажниот Ѓурѓовден во Србија. Тага, болка на секоја страна, а со кој да поразговарате ќе ги слушнете зборовите: семејство, заштита и систем. Втор ден знамињата се на половина копје, а 10 од вкупно 16 жртви во неполни 48 часа ќе бидат погребани денеска.