Македонија

ВИДЕО: Уништени и запалени возила, еве како изгледаше местото веднаш по несреќата на скопската обиколница

Се појави нова снимка од несреќата на скопска обиколница, во која животот го загуби едно лице, двајца полицајци беа повредени, и возачот на камионот.

Несреќата се случила кога полицајци сопреле возило БМВ кое ја пречекорило брзината, и во миговите кога разговарале со возачот, на нив налетал камион и ги удрил. БМВ-то изгорело на самото место, и починал возачот на истото, додека двајцата полицијаци се во болница. Повреден е и возачот на камионот кој исто така е пренесен во болница.

The post ВИДЕО: Уништени и запалени возила, еве како изгледаше местото веднаш по несреќата на скопската обиколница appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни