ВИДЕО: Вака изгледа авионот кој имал силни турбуленции: Морал принудно да слета, 30 лица повредени

„Нашиот лет за Монтевидео беше пренасочен кон Натал поради големи турбуленции“, објави „Ер Европа“ на социјалните мрежи. „Авионот слета нормално, а оние со повреди со различна тежина веќе се лекуваат.

Авионот на „Ер Европа“ на летот за Уругвај беше погоден од силни турбуленции во кои беа повредени 30 лица, поради што авионот принудно слета во Бразил, јавува во понеделникот Би-би-си. Авионот Боинг 787-9 Дримлајнер на Ер Европа летал од Мадрид кон Монтевидео кога се случил инцидентот во воздух, соопшти компанијата.

Летот UX045 на пат кон уругвајската метропола беше пренасочен кон аеродромот Натал во североисточен Бразил, напиша шпанската компанија на X. Констатирано е и дека на повредените патници „примаат помош“.

„Нашиот лет за Монтевидео беше пренасочен кон Натал поради големи турбуленции“, објави „Ер Европа“ на социјалните мрежи. „Авионот слета нормално, а оние со повреди со различна тежина веќе се лекуваат. Според Ер Европа, вториот авион требаше да полета од Мадрид подоцна во понеделникот за да ги земе патниците и да продолжи кон Уругвај.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното