Папата Франциско денеска наполни 87 години, а роденденот го прослави со околу 200 семејства на церемонијата организирана во Ватикан од детската клиника „Света Марта“, која им дава поддршка на мајките и децата.
Ова го објави италијанската агенција Анса.
Според традицијата, воведена во првата година од неговиот понтификат во 2013 година, прославата вклучуваше детски песни и ора со кратка циркуска претстава.
Потоа следуваше ужина и колач пред молитвата и благослов.
Папата Франциско е роден во аргентинската престолнина Буенос Аирес во семејство со италијански корени.
Поглаварот на Римокатоличката црква доби честитки и од бројни официјални лица, меѓу кои италијанскиот претседател Серџо Матарела и премиерот Ѓорѓе Мелони.
Честитки му упатија и претседателот на Сенатот, Игнасио ла Руса, претседателот на Претставничкиот дом, Лоренцо Фонтана, како и вицепремиерот и шеф на дипломатијата, Антонио Тајани.
На папата роденденот му го честитаа Бискупската конференција на Италија и Римската епархија.
Wishing Pope Francis a happy 87th birthday this morning with children and families of the Dispensario Santa Marta supported by the Vatican sports team @AthVaticana. pic.twitter.com/nIFHE0k1Im
— Chiara Porro (@AusAmbHolySee) December 17, 2023