Свет
19,135,117
Вкупно активни случаи
Updated on 04/12/2020 14:36 14:36
Македонија
21,728
Вкупно активни случаи
Updated on 04/12/2020 14:36 14:36
Македонија
1,847
Вкупно починати
Updated on 04/12/2020 14:36 14:36
Македонија
41,656
Вкупно оздравени
Updated on 04/12/2020 14:36 14:36

ВИДЕО: Профил со име „ВМРО-ДПМНЕ Бутел“ објави видео како се пали знамето на Бугарија – „Најостро го осудуваме овој чин“ велат од МНР – ДПМНЕ негира

На социјалната мрежа Фејсбук, на профил чие име е „ВМРО YМС Гази Баба“ вчера беше објавено видео на кое се гледа како најверојатно активисти го палат знамето на Република Бугарија.

Реагираа и од Министерството за надворешни работи, од таму велат дека го осудуваат овој чин.

„По денешната објава на видеото на социјалните мрежи во чија содржина е прикажано како се пали знамето на Република Бугарија, најостро го осудуваме овој чин, како евтин и неуспешен обид да се предизвика омраза меѓу граѓаните во двете држави, како и да се нанесе штета на угледот на Република Северна Македонија. Министерството за надворешни работи на најкатегоричен начин го осудува секој чин на сквернавење на било чии националните симболи, вклучувајќи ги тука и симболите на соседна Република Бугарија, како и секој друг вид на израз на омраза кој не соодветствува со суштинските односи меѓу двете земји. Во оваа прилика сакаме да упатиме апел до граѓаните да не потпаѓаат под ваквите провокации, чија намена очигледно е нечесна и е во спротивност со стратешките интереси на државата да ги негува и развива добрите односи со соседите“, се вели во испратеното соопштение од Министерството за надворешни работи.

loading...

Во позадина на објавениот видео материјал се слуша и химната на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Медиумите во Бугарија веќе на големо известуваат за овој инцидент.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тие не стојат зад овој профил.

„Ниту УМС ниту ВМРО-ДПМНЕ стои зад тој фб канал кој патем е формиран пред еден ден и има за намера да го отргне вниманието на јавноста од катастрофата во здравството и политичката криза по добивањето на ветото од источниот сосед. Одговорно тврдиме дека зад ваквата конструкција стои власта на Зоран Заев и ова е една капка од морето невистини и дел од клеветничката црна пропаганда против Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Таа црна пропаганда е насочена кон Мицкоски зошто тој е најголемата закана за измамникот Заев и СДСМ. Одговорно тврдиме дека пред да се објави оваа лажна вест не е контактирана ВМРО-ДПМНЕ за став. Бараме повлекување на веста и извинување од порталот во спротивно ќе бидеме приморани да покренеме соодветна правна постапка“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: ТВ21

НАШ ПРЕДЛОГ

Италија забрани патувања од 21 декември до 6 јануари

Италијанската Влада денеска соопшти дека воведува забрана за патувања за време на новогодишните празници, со цел да се обиде да спречи ширење на коронавирусот,...

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со протести, ќе го блокира Скопје и други 20 градови

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Скопје ќе постави блокади пред Владата на Република Македонија, пред Министерството за надворешни работи и пред Министерството за правда...

Беспилотно летало влезе во петтиот реактор во Чернобил

Беспилотно летало наречено „Елиос 2“ првпат по 33 години влезе во петтиот реактор на нуклеарната централа во Чернобил. Леталото припаѓа на компанијата „Флајабилити“ (Flyability), а...
Skopje
overcast clouds
12 ° C
12 °
12 °
66 %
7.2kmh
90 %
Fri
10 °
Sat
13 °
Sun
14 °
Mon
10 °
Tue
11 °