Свет

ВИДЕО: Во ослободениот Лиман се палат руски знамиња

ВИДЕО: Во ослободениот Лиман се палат руски знамиња

Воениот известувач на британски Гардијан, Лук Хардинг, објави видео на Твитер на кое се гледа како украинските сили обезбедуваат зграда на полициска станица во ослободениот стратешки важен град Лиман.

На видеото се гледа и како палат руски знамиња по „чистењето“ на зградата.

Загубата на Лиман четири месеци откако беше заробен од руските сили е „понижувачки момент“ за рускиот претседател Владимир Путин, кој во петокот го прогласи Доњецк, каде што се наоѓа Лиман, за руска територија, заедно со уште три други окупирани руски региони. Потсетиме дека Путин во говорот во Кремљ рече дека овие четири региони сега се дел од Русија и дека „така ќе остане засекогаш“.

„Вечното“ на Путин во случајот Лиман траеше – еден ден.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни