Свет

ВИДЕО Во пламен зградата во Москва која беше нападната!

ВИДЕО Во пламен зградата во Москва која беше нападната!

Во Москва околу 18:30 часот по средноевропско време се случи терористички напад во концертната сала „Крокус сити хол“.

Според руските медиуми, најмалку три маскирани лица влегле во зградата и извршиле напад во кој според очевидци има десетици мртви и ранети.

Според извештаите, лица во маскирни униформи, од кои најмалку тројца, влегле во приземјето на зградата и отвориле оган од автоматско оружје.

Медиумите јавуваат дека во зградата избувнал пожар. Исто така, на социјалните мрежи се вртат видеа од големата трагедија, а на едно од нив се гледа дел од Москва каде гори нападнатата зграда. Исто така, во описот на видеото се наведува дека покривот на салата „Крокус сити“ наводно е пред уривање.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни