Во утринската програма на австралиската телевизија „7news“, водителите на емисијата решија да пробаат ракија на празен стомак, нешто што е вообичаено и во Македонија.
Гостинот, кој беше експерт за традиционалните пијалаци, им објасни дека ракијата, кога се пие на празен стомак, има способност да ги убие бактериите во организмот.
По неговото објаснување, водителите не одолеаја и решија да го пробаат пијалокот. Реакцијата на водителката по првата проба беше урнебесна – беше очигледно дека ефектот на ракијата не ја заобиколил, и не можеше да скрие дека добро се „испекла“ од пробата.