ВИДЕО Возрасен мајмун ја исполни желбата на милиони луѓе ширум светот и силно го прегрна мајмунчето Панч!

Еден возрасен мајмун го направи она за што милиони луѓе ширум светот сонуваат – го прегрна малото мајмунче Панч во јапонска зоолошка градина.

Симпатичниот момент беше снимен од камерите, а видеото доби милиони „лајкови“. Панч доби голема прегратка.

Навала во зоолошката градина

Неговата приказна предизвика толкав интерес што зоолошката градина за време на неодамнешниот тридневен празник забележала повеќе од 6.000 посетители во еден ден, што довело до привремено ограничување на влезот. И покрај гужвата, негувателите порачуваат дека Панч напредува – игра, самостојно јаде и другите мајмуни сè почесто го прифаќаат и го чистат.

Од зоолошката градина објаснуваат дека повремени „удари“ и корекции се очекувани и се дел од процесот на учење на социјалните правила. Ја нагласија неговата отпорност и ја повикаа јавноста да го поддржи неговиот напор наместо да го сожалува. Она што во кратките вирални видеа може да изгледа драматично, всушност е постепен процес во кој Панч ги учи правилата и го наоѓа своето место во групата.

Да потсетиме, мајката го напуштила Панч, а тој утеха најпрво нашол во плишана играчка.