Свет

ВИДЕО за најхрабрите! Србин го испробал најдолгиот зип-лајн на светот: Се пука од адреналин!

ВИДЕО за најхрабрите! Србин го испробал најдолгиот зип-лајн на светот: Се пука од адреналин!

Младиот инфлуенсер Марко Чолаковиќ – Кресоје на социјалните мрежи објави видео од ОАЕ, каде го проба Xline Dubai, најдолгиот zip-line во светот.

Должината на линијата е еден километар, а заинтересираните имаат поглед на величествените облакодери и прекрасната марина од височина од 170 метри. За да биде атмосферата уште поубава, максималната брзина при спуштање е 80 km/h.

Марко на почетокот на видеото се претстави на англиски, а потоа ни покажа како изгледа една необична авантура.

Видеото ве остава без здив, се пука од адреналин, а Марко уживаше, што не е чудно бидејќи е љубител на височините.

Корисниците оставија повеќе коментари за поддршка на интернет.

„Каква легенда си“, „Дали би сакал ова еднаш да го направиш“, „Па, честитки“, гласат дел од пораките.

Погледнете го видеото, па кажете ни во коментар дали би го пробале?

@kresoje ZIPLINE IN DUBAI 😱 #foryou #fyp #foryoupage #zipline #xline #xlinedubai #dubai #uae #uae🇦🇪 ♬ original sound – Kresoje

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни