Македонија

ВИДЕО: За Нова година демолиран студентски дом во Скопје: Расфрлено стакло, керамика, искршени хидранти…

ВИДЕО: За Нова година демолиран студентски дом во Скопје: Расфрлено стакло, керамика, искршени хидранти…

Расфрлано стакло, искршени хидранти и керамичка санитарија е сликата по вчерашното славење во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје.

На социјалните мрежи е објавено видео на кое може да се забележи каков хаос направиле студентите кои славеле Нова година.

„Утрото после новогодишната вечер во Стив. Не ги фатив во актот чинителите, но имаше звуци од лупање на хидрантот, кршење на керамичка санитарија, која всушност е новопоставена. И да нагласам, ова сѐ е дело на академски луѓе, кои подоцна треба да се двигатели на нашето општество. * Наместо мек снег на првото утро од 2023 да ми крцка под нозе, јас добив крцкање од срчи. * Чуди се Ангелејце после зошто е Стив во та состојба во која шо е, а богами и Македонија со грајџаниве нејзини…* И срејчна нова од мене“, пишува на видеото.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни