ВИДЕО Започна маршот во Скопје за настраданите во дискотеката во Кочани

Со триминутен молк, положување цвеќе и палење свеќи за настраданите во Кочани, попладнево започна маршот организиран од граѓанското движење „Кој е следен?”. Учесниците се собраа на плоштадот „Македонија” и преку „Триумфалната капија” се упатуваат кон Собранието.

Маршот ќе продолжи преку паркот „Жена борец”, спроти Собранието и Градската болница, каде ќе се оддаде почит на здравствените работници со петминутен аплауз. Потоа, учесниците ќе поминат покрај хотелот „Холидеј Ин”, мостот „Филип Втори”, булеварот „Гоце Делчев” и ќе стигнат до Владата, каде ќе се одржи собир со 16-минутен молк за загинатите и говори.

„Кој е следен?” истакнува дека маршот е исклучиво против насилство и провокации, и се оградува од говор на омраза или нарушување на јавниот ред и мир. Забрането е носење партиски обележја, бидејќи протестот е граѓанска иницијатива, а учесниците се повикуваат да ги почитуваат инструкциите на редарите, да избегнуваат провокации и да не носат остри предмети, оружје или пиротехника.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното