Грција не се смирува по ужасните сцени на дивеење на хулигани, навивачи на Динамо Загреб против навивачи на ривалот АЕК во Атина, при што беше убиен 29-годишен грчки навивач.
Полицијата од утрото во обвинителството носи околу стотина уапсени навивачи . Тие беа испратени со гневни извици и навреди од насобраните граѓани. Целиот град како и граничните премини се под полициска опсада, се трага по преостанатите напаѓачи, а уапсени се пет лица кои се обиделе да отпатуваат за Италија. Полицијата ги испратила приведените и на ДНК анализа за да открие кој е виновен за убиството на 29-годишниот.
„Грција има владеење на правото и демократија и сигурен сум дека во оваа фаза од постапката се е во ред, совршено е. Не знам што се случи во полицијата“, изјави Алексис Коуџас, адвокатот на грчкиот навивач. .
Репортерот на Дневник Нова ТВ Марко Шепат продолжува да следи се во Атина , а во приложеното видео над написот погледнете што кажа тој за време на преносот во живо.