Видовте седа коса? Никогаш не ја отстранувајте!

Колку пати сте се запрашале кога ќе видите седа коса, дали одеднаш стареете? Дали од тој страв ја отстранувате седата коса или ја боите косата со цел да ја зачувале својата убавина?

Вкоренето мислење е дека не е паметно да се кубе оваа коса за да не никне многу повеќе сива коса. А еве што велат експертите за тоа.

„Ништо лошо нема да се случи ако ја извадите седата коса од главата. Но, нема да ви донесе ниту многу добро. Кинењето на седата коса привремено помага да се реши проблемот, бидејќи фоликулот од кој растат влакната е сè уште жив, па ново седа коса ќе израсне повторно и ќе ја замени таа што сте ја извадиле. Не мора да се грижите дека во близина на извлечената коса ќе израсне уште повеќе седа коса. Тоа е мит, бидејќи секое влакно расте од еден фоликул и нема контакт со другиот“ – вели Шулер.

„Покрај тоа, кубењето може да го трауматизира фоликулот на косата и да го оштети, така што веќе ништо нема да расте во него“, објасни фризерот и креативен директор на SACHAJUAN, Треј Гилен, истакнувајќи дека оваа штетна навика дури може да предизвика инфекција, лузни на скалпот и ќелавост на некои места.

Тој исто така објасни дека седата коса, покрај тоа што произведува помалку меланин во својот фоликул, често произведува и помалку себум, поради што има различна текстура од другите влакна.