Викторија Бекам објави снимка од вежбањето на Дејвид, сите и се заблагодаруваат

ВИКТОРИЈА БЕКАМ повторно го полуди интернетот откако сподели видео од нејзиниот сопруг како вежба. Поранешната членка на Spice Girls се огласи на Инстаграм за да му покаже на Дејвид како ги потпира рацете на подот додека се отскокнува напред-назад преку душекот за вежбање.

„Утрински тренинзи со оваа љубовна машина“, напиша таа на објавата. Сепак, вежбањето на Дејвид ги доведе следбениците на Викторија на Инстаграм во транс – особено што таа ја насочи камерата на телефонот директно на задната страна на нејзиниот сопруг. Многумина и се заблагодарија за ова видео.

„Во име на жените од целиот свет – благодарам“

“О, Вики Б! Дали гејовите би можеле повеќе да те сакаат?!”, “Викторија, направи толку многу за нас…”, “Таа знае што прави”, “Во име на жените во светот – благодарам ти“, „Ова е хуманитарна работа“, „Се чувствувам виновен само што го гледам ова“, „Викторија ја враќа вербата во божиќното чудо“, се само дел од коментарите.

Ова не е прв пат мајката на четири деца да споделува провокативни објави на нејзиниот 24 години помлад сопруг. Минатата недела Викторија на Инстаграм објави фотографија на која Дејвид го поправа телевизорот во долна облека. Поради оваа слика, Samsung јавно се огради од одговорност.