ВИСТИНСКО ПРИЈАТЕЛСТВО: Куче ја испраќа својата сопственичка во вечното почивалиште, не се одвои од ковчегот

Не се вели без причина дека кучето е најдобар пријател на човекот. Тој е таму и во добро и во лошо, секогаш лојален и верен.

Миксер Бумер одржа вистинска лекција за лојалност и ни покажа што значи да сакаш некого до самиот крај, но и после него.

Бумер, откако неговата сопственичка Марија почина на 95-годишна возраст, не сакаше да се одвои од нејзиното безживотно тело.

За време на поворката толку многу лаеше додека не влезе во комбето што ја превезуваше Марија во вечниот дом. Така и оддаде почит за последен пат.

  • Можеше да се види лојалноста и наклонетоста што постоеше меѓу неа и нејзиното куче. Тој секогаш беше тука за неа, а таа за него – изјавил член на семејството за „Додо“.