Македонија

Вклучување на САД во кризата на Блискиот исток ќе придонесе за дополнителна ескалација

Вклучување на САД во кризата на Блискиот исток ќе придонесе за дополнителна ескалација

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека вклучувањето на Соединетите Американски Држави во конфликтот меѓу Иран и Израел би претставувало дополнителна ескалација за целиот регион.

„Ќе бидеме уште позагрижени бидејќи тоа ќе значи дополнителна значајна рунда на ескалација за целиот регион“, рече Песков, пренесува „Известија“.

Тој изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп не ги споделил со Русија своите планови за дејствување во ситуацијата на Блискиот Исток.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни