Вкупно 1.049 лица се хоспитализирани поради коронавиурс во болниците ширум Македонија. На Инфективната клиника примен се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 155 пациенти. На кислородна поддршка се 134 пациенти.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 деца позитивни и 3 суспектни на Ковид-19 и 27 возрасни пациенти позитивни и суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 7 пациенти.
Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 56 пациенти, на клиниката за неврологија 21 пациент, на кожната клиника 23 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 80, а во болницата во Штип се 60 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 534 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
.
