Балкан

Вкупно 13 повредени при превртување на автобус со затвореници во Грција

Полициски автобус што пренесувал затвореници од Атина за Каламата, се преврти во близина на градот Коринт, при што се повредени седум полицајци и шестмина осуденици, јави дописничката на МИА од Атина.

Сообраќајната несреќа се случила на автопатот Коринт-Каламата, кусо пред 10.30 часот утрово, откако полицискиот автобус излетал од патот и се превртел.

Причините за излетувањето на автобусот засега не се познати.

Повредените лица биле пренесени во болница.

The post Вкупно 13 повредени при превртување на автобус со затвореници во Грција appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни