Вкусен киндер колач

Прекрасен лесен десерт, кој одлично ќе се вклопи во вашиот неделен ручек

Потребни состојки за пандишпан:

  • 5 јајца
  • 5 лажици шеќер
  • 5 лажици брашно
  • 3 лажици какао
  • 1 пакување ванилин шеќер
  • 1/3 лажиче прашок за печиво
  • Потребни состојки за филот:
  • 200 мл слатка павлака
  • 2 лажици мед
  • ½ кесичка желатин
  • 4 лажици вода

Начин на подготовка:

1. Најпрво заедно сматете ги со миксер жолчките од јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер.

2. Брашното, какаото и прашокот за печиво промешајте ги и додадете ги во смесата со жолчките.

3. Белките од јајцата посебно изматете ги, а потоа мешајќи пополека со лажица додадете ги во смесата со другите состојки.

4. Плехот за печење обложете го со хартија и оставете го пандишпанот да се испече 15 минути на 180 Целзиусови степени.

5. Откако пандишпанот ќе се испече, оставете го да се олади, а потоа преполовете го.

6. Слатката павлака, која мора да биде ладна, изматете ја како шлаг и во неа додадете го медот.

7. Желатинот измешајте го со 4 лажици вода, а потоа ставете го на оган да почне да врие. Откако ќе почне да врие додадете го во садот со слатката павлака и матете ги уште една минута.

8. Добиениот фил намачкајте го помеѓу двете половини од пандишпанот. Од колачот исечете коцки и уживајте.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното