Македонија

Владата донесе мерки за стабилизирање на цените на ѓубривата и заштита на земјоделците

Владата донесе мерки за стабилизирање на цените на ѓубривата и заштита на земјоделците

Владата на Република Северна Македонија, на предлог на Министерството за економија и труд, во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе пакет одлуки со цел стабилизирање на пазарот на ѓубрива, заштита на земјоделците и обезбедување континуирано снабдување во пресрет на земјоделската сезона.

Овие одлуки се донесени согласно Законот за трговија, а врз основа на претходно направена анализа од страна  на Министерството за економија и труд во соработка со Државниот пазарен инспекторат за движењето на цените на ѓубривата на домашниот пазар во трговијата на големо и трговијата на мало во периодот февруари-април 2026 годинана и за движењето на увозните цени на ѓубрива во периодот јануари-април 2026 година.

Со првата одлука се утврдуваат посебни услови за трговија со неоргански, органски и органо-минерални ѓубрива, како и биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата. Истовремено, се воведува ограничување на бруто профитните маржи во целиот трговски синџир.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни