Македонија

Владата го одбележа Меѓународниот ден на човековите права

Владата го одбележа Меѓународниот ден на човековите права

Агенцијата за остварување на правата на заедниците денеска во свечената сала на Владата го одбележа 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права.

На настанот, како што информираат од Агенцијата, присуствувале дел од пратениците од малите заедници и претставници на невладиниот сектор.

На одбележувањето се обратиле директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Еран Куртиш, претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците во Собранието, Арбана Паошоли, националниот координатор за едно општество и интеркултурализам Роберт Алаѓозовски и Марио Канелопулу од Делегацијата на Европската унија во земјава.

– Денес се одбележува усвојувањето на Универзалната декларација за човековите права што беше усвоена од државите членки на Генералното собрание на Обединетите нации, на 10 декември 1948 година во Париз. Човековите права и слободи се прва и најголема обврска на државата и сите нејзини институции, се вели во соопштението.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни