Владата ќе поднесе оставка доколку Макрон биде избран за претседател

Францускиот премиер Жан Катекс најави дека тој и владата ќе поднесат оставки неколку дена по изборите доколку претседателот Емануел Макрон биде реизбран во вториот круг од претседателските избори што ќе се одржат во недела на 24 април.

Изразувајќи дека тој и владата ќе поднесат оставки неколку дена по изборите доколку Макрон биде реизбран, Кастекс рече дека е погрешна идејата дека изборите веќе се добиени.

„Мораме да ги убедиме Французите дека програмата на Емануел Макрон е најдобра за Франција“, рече Кастекс.

Во вториот круг од претседателските избори ќе се натпреваруваат Макрон и екстремно десничарката Марин Ле Пен.

Според анкетите за вториот круг, се очекува Макрон да добие 55 отсто, а Ле Пен 45 отсто.