Македонија

Владата подмири половина од долгот за струја на Железници

Владата подмири половина од долгот за струја на Железници

Министерството за транспорт и врски доби на располагање 200 милиони денари за плаќање на долгот за струја на Македонски железници, кажа министерот Благој Бочварски.

Одлуката била изгласана синоќа во Собранието на Република Македонија, па така Владата ќе подмири речиси половина од долгот на железници кои должат шест милиони евра за електрична енергија.

„Со ова ќе продолжи грижата на Владата и поддршката кон претпријатието, кое е витално и во време на криза мора да продолжи со извршување на обврските“, кажа Бочварски

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни