Јавноста денеска го очекува името на конзензуалниот кандидат за претседател на владеачката коалиција СДСМ-ДУИ, кој што го договорија лидерите на двете партии Зоран Заев и Али Ахмети. Кандидатот треба да биде објавен денеска.
Се шпекулира со имињата на Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска, Стево Пендаровски и Никола Димитров.
Алијансата за Албанците и БЕСА соопштија дека ќе ја поддржат номинацијата на универзитетскиот професор Блерим Река. Тој се приклучи на листата на кандидати на Гордана Силјановска која ќе биде претседателски кандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.