Власта бара поддршка од 80 пратеници – Мандатот на СЈО ќе се продолжува? (ВИДЕО)

Власта ќе се обиде да обезбеди поддршка од 80 пратеници со цел да биде продолжен мандатот на СЈО. Од дебатата со експертската јавност, но и со претставниците на политичките партии, односно пратениците, ќе зависи дали СЈО ќе биде инкорпорирано во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, или ќе продолжи одвоено да делува.

Двата предлог закони за СЈО и за Јавно обвинителство веќе се достапни за коментирање на Електронскиот национален регистар за прописи. Но, иднината на СЈО зависи од волјата на пратениците. СЈО беше формирано како резултат на Пржинскиот договор потпишан помеѓу лидерите на четирите најголеми политички партии за разрешување на политичката криза во Македонија. На функцијата Специјален јавен обвинител, Советот на јавните обвинители на 15 септември 2015 година ја избра Катица Јанева. СЈО има мандат од пет години, односно до 2020 година.

Се вчитува...

Изјавата на министерката за правда Рената Дескоска околу ова прашање.

Извор: ТВ21